дома Хроника ОБИЕН ШТАБ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО КИСЕЛА ВОДА: Пријавена тешка кражба, украдени компјутери...

ОБИЕН ШТАБ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО КИСЕЛА ВОДА: Пријавена тешка кражба, украдени компјутери и лаптопи

Непознат сторител извршил тешка кражба во канцеларија во барака на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на улицата „Петар Дељан“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти МВР, кражбата била извршена во периодот од 24 до 25 овој месец, а крадецот одзел лап-топ и куќиште со монитор.

Лап-топ компјутер и куќиште за монитор биле украдени од канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

„Пријавено е дека  на улицата “Петар Дељан“ во општина Кисела Вода во канцеларија во барака на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба. Непознат сторител одзел лап-топ компјутер и куќиште со монитор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.