дома Временска Прогноза Облачно време со дожд, во петок очекувајте да бидат уште поинтензивни врнежите

Облачно време со дожд, во петок очекувајте да бидат уште поинтензивни врнежите

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 5 степени, а дневната од 5 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе биде 1 степен, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Од утре времето ќе биде суво и посончево. Под влијание на влажен бран во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.