дома Временска Прогноза Облачно време со услови за провејување на слаб снег

Облачно време со услови за провејување на слаб снег

Времето во Македонија ќе биде умерено, во северните делови повремено значително облачно со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а во југоисточните делови повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус три, а дневната од два до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до три степени.

Од петок до недела времето ќе биде претежно сончево и студено. Утринските температури и понатаму ќе бидат доста ниски и на повеќе места ќе спуштат под 10 степени.

Од понеделник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и од снег.