дома Временска Прогноза ОБЛАЧНО И МАГЛОВИТО ВРЕМЕ: Попладне на некои места дожд

ОБЛАЧНО И МАГЛОВИТО ВРЕМЕ: Попладне на некои места дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно,а по одделни котлини магливо. Кон крајот на денот во западните и југозападните делови ќе има повремен слаб дожд.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината магливо со утринска температура околу -1 и дневна до 9 степени.

Врнежите од дожд ќе продолжат и во сабота кои во западните и југозападните делови ќе бидат со умерен интензитет. За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, особено претпладне. Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.

Со промена на времето ќе се намалат условите на загаденост на воздухот.