дома Балкан ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД СПЕКТАКУЛАРНОТО АПСЕЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗЛОСТОРНИЧКАТА ГРУПА НА „ХРВАТСКИОТ...

ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД СПЕКТАКУЛАРНОТО АПСЕЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗЛОСТОРНИЧКАТА ГРУПА НА „ХРВАТСКИОТ ЕСКОБАР“

Хрватската полиција во саботата на вонредна прес конференција во седиштето на Министерството за внатрешни работи во Загреб прикажала снимка од апсењето на припадниците на организацијата на „хрватскиот Ескобар“ Стјепан Прњат.

Потсетуваме, хрватската полиција минатата недела во рамки на големата акција „Нана“ разбила криминална група и запленила 100 кг кокаин кој осомничените припадници на организацијата го криумчареле од Јужна Америка во Европска унија преку Хрватска, пренесе Индекс.

Покрај деталите за акцијата, полицијата на прес-конференцијата прикажала и спектакуларна снимка од апсењето.

Меѓу уапсените е и самиот Прњат, кој се споменувал уште 2007, кога истражувачите објавиле дека разбиле ланец за криумчарење хероин и кокаин.