дома Европа ОБЈАВЕНИ АНКЕТИТЕ: Христијанско-демократската унија се очекува да биде победник во Германија!

ОБЈАВЕНИ АНКЕТИТЕ: Христијанско-демократската унија се очекува да биде победник во Германија!

Христијанските демократи на канцеларката Ангела Меркел се очекува да бидат победници на изборите во Германија за претставник во Европскиот парламент.

Според неколку анкети се очекува да освојат 27,5% од гласовите. Зелените се очекува освојат 20,5% од гласовите, додека коалиционите партнери на Меркел од Социјалдемократската партија најверојатно ќе добијат 15,5% од гласовите.

Десничарската Алтернатива за Германија се очекува да освои 10,5%, додека либералите од Слободна Демократија и екстремната левица се очекуваа да ја добијат довербата на 5,5% од гласачите.