дома Економија ОБЈАВЕНО Е КОИ БАНКНОТИ ПРВИ ЌЕ ГО ПРОМЕНАТ ИМЕТО: Гувернерката ја потпиша...

ОБЈАВЕНО Е КОИ БАНКНОТИ ПРВИ ЌЕ ГО ПРОМЕНАТ ИМЕТО: Гувернерката ја потпиша одлуката на Централната банка!

Банкнотите од 10 и 500 денари први ќе го променат името, односно на нив ќе го пишува називот на „Народна банка на Република Северна Македонија“.

Одлуката на централната банка веќе е објавена и потпишана од гувернерката Анита Ангеловска – Бежовска.

Инаку, Венецијанската комисија треба да даде мислење дали според променетиот Закон за јазици може на банкнотите да го има и албанскиот јазик.