дома Временска Прогноза ОБЈАВЕН АЛАРМ ОД ЖОЛТА ФАЗА ВО СКОПЈЕ И ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН: Следуваат обилни...

ОБЈАВЕН АЛАРМ ОД ЖОЛТА ФАЗА ВО СКОПЈЕ И ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН: Следуваат обилни врнежи

Аларм од жолта фаза во Скопје и пелагонискиот регион прогласи денеска европската метеоролошка станица. Предупредувањето се однесува на врнежи од дожд.

Локално во западните и во северозападните делови врнежите ќе бидат пообилни, каде се очекува над наврне над 25 литри на м/2 воден талог.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а во западните делови повремено ќе се засилува.

Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат обилни. Температури до 15 степени.