дома Македонија Ова е името на партијата на Бранко?

Ова е името на партијата на Бранко?

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври.

Шпекулациите велат дека „Социјалдемократска Иднина” ќе биде името на партијата на Бранко Црвенковски.

Засега од СДСМ ниту ниту потврдуваат ниту негираат за такво нешто, а гласноговорникот Богданка Кузеска денеска единствено рече дека во земјата секој е слободен да се натпреварува со своја политичка понуда.