дома Актуелно ОВА Е ПАДНАТИОТ АВИОН: Изнајмен во Италија, ова е авионот кој падна...

ОВА Е ПАДНАТИОТ АВИОН: Изнајмен во Италија, ова е авионот кој падна во близина на Скопје!

Авионот Пајпер Сенека 2, кој попладнево исчезна при слетување на Скопскиот аеродром е сопственост на Авиоклубот Тревизо. Авионот е регистриран во Германија. Според официјалната веб страница на авиоклубот, авионот е со капацитет од 6 патници – пренесува блогот СДК

 

Изнајмувањето на овој авион, според тарифата на веб страницата на сопственикот е 500 евра за час летање.

Од МВР потврдија дела леталото исчезнало од радарот при слетување на Скопскиот аеродром во 17.40 часот на 10 километри во правец кон југ, што е вообичаена рута за слетување на аеродромот Александар Велики.

Се оперираше со бројката од 6 патници, но се уште нема официјална потврда колкумина биле во авионот што исчезна на приодот кон Скопје.

Според првичните информации авионот полетал од Тревизо, Италија и побарал дозвола за слетување во Скопје за дополнување на гориво.

МВР вели дека според првичните информации дека авионот паднал во близина на селото Ветерско, Велешко. Падот го пријавиле мештаните.