дома Актуелно ОВА Е ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА ФИДЕЛ КАСТРО: Последниот говор на „Ел Командате“...

ОВА Е ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА ФИДЕЛ КАСТРО: Последниот говор на „Ел Командате“ со кој си ја најави својата смрт!

Лидерот на кубанската револуција, Фидел кастро кој што почина доцна синоќа, ја предвиде својата смрт, која буквално ја најави во април оваа година пред неговиот 90-ти роденден.

Тогаш Кастро присуствуваше на свеченото затварање на конгресот на Комунистичката партија, каде од членовите беше пречекан со бурни аплаузи.

-Наскоро ќе наполнам 90. години. Наскоро ќе бидам како сите други. На сите нас ќе ни дојде времето, но идеата на кубанските комунисти останува. Ова можеби е последниот пат што ви се обраќам, рече тогаш Кастро, алудирајќи на судниот ден.