дома Македонија ОВА МЛАДО МОМЧЕ ЌЕ ЈА ИЗВЕДЕ ХИМНАТА: На Гумење и на Мечкин...

ОВА МЛАДО МОМЧЕ ЌЕ ЈА ИЗВЕДЕ ХИМНАТА: На Гумење и на Мечкин Камен химната ќе ја испее тенорот Влатко Груевски

Државата се подготвува за цермонијата а честа да ја изведе химната на свеченото отворање на Гумење кое ќе биде на 1 август му припадна на оперскиот пејач Влатко Груевски кој ќе ја пее химната и на 2 август на Мечкин камен.

Груевски е вработен во Македонската Опера и Балет a одржува свои солистички концерти скоро низ сите градови низ Македонија.

Настапувал низ повеќе градови во странство a учествувал и на голем број свечености организирани од високите органи на државата, Влада, Собрание, МАНУ и тн., како и на скоро сите свечености организирани од сите факултети на УКИМ. Настапувал и со голем број диригенти, како и оркестрите на ФМУ и МОБ. Од големо значење е неговата соработка со неговиот пијанист и менаџер Андреј Наунов, со кого работи на неговата кариера и музичка наобразба.