дома Занимливости ОВА САМО КАЈ НАС МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ: На социјалните мрежи се...

ОВА САМО КАЈ НАС МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ: На социјалните мрежи се појави чудна фотографија, која остава без зборови

На социјалните мрежи се појави чудна фотографија, која остава без зборови, некој позитивно, повеќе негативно. Вие одлучете во кој дел припаѓате.

На дрво е залепен лист со „Радосна вест“ за роденден на Теодора Велкоска.

-На денешен ден 20.02.2004 год. пред 15 год. е родено ова девојче како подарок на нејзината фамилија. Таа беше доведена на овој свет во 11:30 часот како мало суштество од 3кг. 200г.

Т-трудољубива, Е-елегантна, О-опасна, Д-дарежлива, О-организирана, Р-рибче, А-атрактивна.

Мини матури за завршена градинка се слават во ресторани, од матурските и полуматурските прослави се прават свадби, родендените на децата се слават во скапи ресторани, во игротеки, се фрлаат огромни пари.

Освен погоре наведениот во Македонија сега има и уште еден нов тренд. Прослава на пола роденден. Детето направило 6 месеци и тоа се одбележува со гости и торта во ресторан.