February 7, 2023, 10:33 pm

Ова се имињата: Објавени 17 кандидати за градоначалници на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ објави уште 17 кандидати на градоначалници, на изборите ќе оди со 69 кандидати
Извршниот одбор на СДСМ синоќа ги утврди кандидатите за градоначалници во уште 18 општини низ државата за претстојните локални избори на 17 октомври. Со вкупно утврдени 69 кандидати кои се дел од најдоброто од СДСМ ја бараме поддршката од граѓаните за уверлива, силна и јасна победа на локалните избори. Го имаме најдоброто и СДСМ е фаворит и победник на овие локални избори, изјави на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата.
Една третина од сите 69 кандидати за градоначалници на СДСМ, посочи Николовски, се нови лица.
Кандидати на СДСМ се Оливер Илиевски во Куманово, Горан Герасимовски во Центар, Христо Кондовски во Битола, Асан Ферат во Шуто Оризари, Николче Мисовски во Кривогаштани, Димче Шипинкаровски во Струга, Игор Крцковски во Дебарца, Сашко Комненовиќ во Чучер-Сандево, Аднан Џаферовски во Долнени, актуелниот пратеник Коле Чаракчиев во Радовиш, Џемзи Мамути во Врапчиште, Сашко Митковски во Крива Паланка и актуелниот пратеник Костадин Костадинов во Струмица.
За втор мандат СДСМ ќе оди во Ѓорче Петров со актуелниот градоначалник Александар Наумовски, во Македонска Каменица со актуелната градоначалничка Соња Стаменкова, во Гевгелија со актуелниот градоначалник Сашко Поцков и во Македонски Брод со актуелниот градоначалник Живко Силјановски.
Во Куманово, нагласи Николовски, има еден кандидат – Оливер Илиевски, дипломиран економист, директор на ЈП „Водостопанство“ – Куманово и подолго време секретар на општинската организација на СДСМ. Во Општина Центар, СДСМ ќе оди со Горан Герасимовски.
– Анкетите покажуваат огромна разлика и поддршка и на СДСМ и на Горан Герасимовски во Центар. Во Општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат со актуелниот градоначалник Александар Наумовски. Со голем број реализирани проекти и развој на Ѓорче Петров во изминатите четири години сметаме дека е најдобриот избор. Кандидат за општина Битола, каде, исто така, имаме голема предност, е Христо Кондовски, еден од најпознатите стопанственици, успешен човек и менаџер кој своето познавање и искуство ги ставана располагање на граѓаниет на Битола. Анкетите потврдуваат сигурна победа за Кондовски во Битола, изјави Николовски.
Одлуката за Кочани, како што посочи, ќе биде објавена на 8 септември.
– Во останатите општини СДСМ ќе поддржи кандидати на нашите коалициски партнери. Тоа е во Гостивар, во Дебар, во Чаир, во Сарај, во Липково, во Пласница, во Боговиње, каде СДСМ нема да истакне кандидати, но секако советнички листи СДСМ ќе има во сите општини, изјави Николовски.
Го имаме најдоброто, нагласи Николовски, и СДСМ е фаворит и победник на овие локални избори.
– За четири години СДСМ реализираше над седум илјади проекти на локално ниво. Наследивме општини заглавени во долгови. Ги помогнавме сите општини најпрво да ги вратат долговите и сега имаме општини кои се ликвидни, со одблокирани сметки, кои се развиваат и работат на проекти во интерес на граѓаните, изјави Николовски.
СДСМ досега ги утврди кандидатурите на Перо Костадинов – Валандово, Миликие Халими – Арачиново, Благојче Шапов – Богданци, Зоран Зимбаков – Босилово, Велимир Смилевски – Бутел, Марјан Јанев – Василево, Сашо Јанковски – Вевчани, Ивица Димитров – Виница, Роберт Бешовски – Градско, Горан Трајковски – Делчево, Лазе Петров – Демир Капија, Анго Ангов – Дојран, Борче Гиевски – Зелениково, Јордан Насев – Карбинци, Филип Темелковски – Кисела Вода, Благојче Илиев – Конче, Томе Христовски – Крушево, Аце Велковски – Лозово, Медат Куртовски – Маврово и Ростуше, Љубе Кузмановски – Новаци, Костадин Ѓорѓиевски – Охрид, Елизабета Зелениковска – Петровец, Славчо Пандурски – Пехчево, Драган Анастасов – Пробиштип, Живко Гошаревски – Ресен, Стојан Николов – Росоман, Жаклина Јовановска – Старо Нагоричане, Горан Стојановски – Чашка, Сашко Николов – Штип, Петре Шилегов – Град Скопјe, Ѕвонко Пекевски – Берово, Борис Георгиевски – Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Тони Делков – Неготино, Даниел Крстевски – Ранковце, Душко Весковски – Карпош, Александар Филиповски – Аеродром, Горан Сугарески – Прилеп, Сашо Велковски – Свети Николе, Хамдија Елези – Тетово, Сашо Стојановски – Сопиште, Горан Тодоров – Кавадарци, Влатко Бојковски – Кратово, Горан Крстев – Чешиново, Виктор Ангелов – Зрновци, Александар Тодоровски – Илинден, Стевче Митревски – Демир Хисар, Ѕвонко Ангелов – Ново Село, Ненад Коциќ – Велес и Мирко Стојановски – Брвеница

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This