дома Свет Ова се папучите во кои Меланија Трамп ќе шета низ Белата куќа

Ова се папучите во кои Меланија Трамп ќе шета низ Белата куќа

По инаугурацијата на Доналд Трамп, првата дама на САД, Меланија Трамп го доби првиот подарок.

Станува збро за влечки изработени во нејзина чест.

 

Фабриката за папучи “Kopitarna” од Севница, родниот крај на Меланија, ги изненади купувачите со престижната линија која ја нарече „Белата куќа”.

Колекцијата е направена во ограничен број. За потрошувачите се уште не се во редовна продажба, но може да се нарачаат од производителот.

Колекцијата елегантни папучи во крем и виолетова боја ги креирала дизајнерката Маја Штамол.

Еден примерок на папучи со светки и украси од вистинско крзно се испратени во Њујорк на адреса на Мелани Трамп, по желба на производителот, првата дама да ги користи во Белата куќа.