дома Економија ОВА ЌЕ БИДЕ КОБНА ГОДИНА ЗА ЛОЗАРИТЕ: „Повардарие“ нема да откупува, другите...

ОВА ЌЕ БИДЕ КОБНА ГОДИНА ЗА ЛОЗАРИТЕ: „Повардарие“ нема да откупува, другите винарски визби ги уценуваат лозарите – цените за откупот се држат во тајност!

По се изгледа дека оваа сезона за лозарите ќе биде најтешката во последните неколку години, ако се има во предвид дека винарската визба „Повардарие“ нема да откупува грозје поради долг кон УЈП од фантастични 28 милиони денари

Од винарската визба, овој неуспех на компанијата го препишуваат на претходната влада, која како што велат не им исплатила субвенции, иако во обидот за префрлање на вината, заборавиле дека субвенциите од претходната година, треба да им ги исплати новата влада.

Освен ситуацијата со „Повардарие“, лозарите во Тиквешијата веќе се жалат на ниски откупни цени, условувања и уцени кон лозарите, и ниско ниво на откуп на раните сорти на грозје.
Како што информираат лозарите, прв пат во последните 15 години се случува цената за откуп на грозјето да не биде јавно објавена, со што се отвара можност винарските визби да манипулираат со цените, на штета на лозарите.

Претходно, земјоделците се соочија со криза поради неисплатата на субвенциите од страна на СДС, но и поради слабиот пласман, како и поради мрзнењето на земјоделските култури, за кои СДС вети дека ќе исплати оштета, која земјоделците сеуште ја немаат добиено.