дома Македонија ОДБИЕНА И ЧЕТВРТАТА ЖАЛБА НА ГРУЕВСКИ: И сомнежите за АКМИС-от не беа...

ОДБИЕНА И ЧЕТВРТАТА ЖАЛБА НА ГРУЕВСКИ: И сомнежите за АКМИС-от не беа доволни за да се изземат пристрасните судии на Апелација

Сите четири барања на одбраната за изземање на апелациските судии се одбиени на денешната јавна седница на Апелацискиот суд по жалбата на Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор од Кривичниот суд за случајот „Тенк” – пренесе МКД.мк

Последното барање за изземање го поднесе Груевски кој сметаше дека судечкиот совет бил незаконски одбран, спротивно на електронскиот АКМИС-систем за распределба на предмети.

Претходно одбраната на Груевски бараше изземање на судечкиот совет, па на судијката Тања Милева, па на претседателката на советот Цветанка Периќ. Сите барања беа одбиени.

По паузата судијата известител почна го чита образложението на пресудата и тоа е во тек. Се очекува расправата да се прекине и да се одреди друг термин за јавна седница.

 

Извор
МКД.мк