дома Економија Оди си дома девојче, нè упpoпаcти: Граѓаните бecни на власта за поkачувањето...

Оди си дома девојче, нè упpoпаcти: Граѓаните бecни на власта за поkачувањето на akцизата за гopивата

Граѓаните бесно реагираат на најновата одлука на владата да го прифати предлогот на Стопанската комора и да ја зголеми акцизата на нафтените деривати за два денари.

Веќе подготвуваме предлог уредба. Согласно пресметките и фискалните импликации предлогот е да се зголеми акцизата за 2 денари. Работиме заедно со Царинската управа конкретно на предлогот и ќе излеземе со информација. Но сметам дека ќе го прифатиме предлогот на Стопанската комора, најави вчера министерката за финансии Нина Ангеловска.

Први реагираа од Асоцијацијата на камионски превозници Макам-транс, според кои оваа мерка е неприфатлива, нерационална и несолидарна.

Бурно реагираше и јавноста. Граѓаните се убедени дека оваа мерка во ваква криза оди само на нивна штета, а во полза на дополнително богатење на олигарсите.

Браво за вас, како и секогаш удри по грбот на народот. Ни остануваат само масовни протести за вакви работи да сватите дека многу работи зависат од лугето кои вие мислите дека ви се робови, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Граѓаните додаваат додека во цел свет цената на горивата паѓа, во Македонија ќе расте, а со тоа ќе порасне цената и на останатите прехрамбени производи.

Според јавноста ова е контрамерка која дополнително ќе ги фрли во криза во моменти кога илјадници не знаат што ќе биде со нивните работни места или како ќе преживеат микропретпријатијата.

Како тоа прифативте одма зошто богатите поплачија?, прашуваат граѓаните.

Ова се само дел од коментарите по социјалните мрежи, кои вријат по последните најави на Ангеловска.

Оди си дома девојче, нè упропасти, вели еден од нив.