дома Спорт Одлична вест за Вардар: Место да се пресели во ПСЖ, Скубе останува...

Одлична вест за Вардар: Место да се пресели во ПСЖ, Скубе останува во Скопје

Еден од ракометарите кој изминатава сезона блесна во Вардар, Сташ Скубе, речиси сигурно ќе остане во скопскиот клуб и следната сезона, иако веќе имаше завршена работа околу трансфер во големиот ПСЖ.

Претходно, тој беше поврзуван и со Кјелце, но ниту тоа не беше реална комбинација. Ова е додлична вест за европскиот шампион со оглед на одличните игри на Словенецот минатата сезона, кои гарантираат дека ќе продолжи да биде еден од лидерите и на новиот Вардар.

Работата со ПСЖ беше речиси завршена, но во последен момент излезе проблем кој не би сакал да го коментирам. Згора на тоа, ситуацијата во Вардар сега е добра и доколку остане така, се гледам во Скопје уште долго време, изјавил 29-годишниот Скубе.

(Извор – Спорт1.мк)