дома Македонија ОДЛУКАТА НА ИВАНОВ ДА ГО ОТСТАПИ ТЕРМИНОТ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА СРЕДБА СО...

ОДЛУКАТА НА ИВАНОВ ДА ГО ОТСТАПИ ТЕРМИНОТ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА СРЕДБА СО ХАН НАИДЕ НА ГОЛЕМА ПОДДРШКА КАЈ НАРОДОТ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја откажа средбата со еврокомесарот Јоханес Хан. Тој изјави дека неговиот став нема да се промени, а дека терминот за средбата со Хан го отстапува на преставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

Еврокомесарот претходно објави дека нема да оствари средба со преставниците на граѓанската иницијатива, а од кабинетот на претседателот велат дека би било добро Хан да слушне зошто граѓаните простестираат по улиците низ целата држава повеќе од 20 денови.

Оваа одлука на претседателот наиде на воодушевување и меѓу главните организатори во граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и меѓу сите граѓани на нашата држава.

-Ова не е човек со свиткана кичма, ова не е човек кој има „позитивен аспект“ кон платформа направена во туѓа држава чија крајна цел е крај на државата која ја имаме, знаеме и сакаме. Ѓорѓе Иванов не е таков човек. Никогаш не ни бил, пишува Богдан Илиевски во фејсбук статус и додава дека поради тоа е трн во око на некои луѓе.

Уште еден од главните организатори на протестите Борис Дамовски на Фејсбук напиша дека народот е блиску до победа.

Граѓаните се воодушевени од одлуката на претседателот, кој својот термин го отстапува на оние кои секој ден се повеќе и повеќе простестираат на улиците низ целата држава, за зачувување на унитарсноста, суверенитетот и самостојноста на Република Македонија.