дома Македонија Од вчера Еурокомпозит ја чува полициja: Никој со сигурност не знае што...

Од вчера Еурокомпозит ја чува полициja: Никој со сигурност не знае што е укpaдено, се работи за зoљи и opyжје за apмиjaта

Пред два дена било украдено оружје од фабриката Еурокомпозит во Прилеп, која не работи веќе две години, а неколку месеци објектите и магацините се оставени без никакво обезбедување на милост и немилост на криминалците, јави Сител.

Од МВР не кажуваат каков вид на оружје е украдено, а вработените велат дека се работи за зољи и средства кои се употребуваат против оклопни возила. Од вчера после оваа кражба полицијата повторно ја обезбедува фабриката.

„Но ние немаме пристап до фирмата за да видиме колку оружје е украдено. Се работи за некои зољи и оружја од армијата. Ние се сомневаме дека раководството ги прави овие кражби. Затоа што обични граѓани не знааат ниту каде се тие магацини, ниту пак како да се влезе таму. Се работи за зграда во која што е влезено на први и на трети спрат,токму таму каде што е оружјето. Во фабрикава има и оружје и муниција, репроматеријали, има огромни штети направено, а ако продолжат вака ќе се направи уште поголема штета“, вели Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

Претходно беше украдена трафостаницата со што била направена штета од околу 300.000 евра. Во овој момент некој и да сака не може повеќе да пушти електрична енергија во фабриката.