дома Балкан Од денеска во Србија само со ПЦP тecт

Од денеска во Србија само со ПЦP тecт

За влез во Србија од денеска за граѓаните на Македонија, Бугарија, Хрватска и Романија задолжителни се ПСР тестовите за коронавирусот.

Одлуката на српската Влада почнува да важи од денеска, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест.

Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но истите за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Република Србија од еден премин до друг, соопшти МВР на Македонија.