дома Актуелно Од течење нос на дете до пневмoнија за 48 часа – ова...

Од течење нос на дете до пневмoнија за 48 часа – ова е невидено до сега

Во Македонија како и своетот превалента станува делта варијантата на коронавирусот кој е далеку по вирулентна од претходните соеви на коронавирусот.

Во Македонија до пред некој ден беа приjaвени околу 30 случаи на делта сојот кој дава поинаква клиничка слика од претходните, но се чини дека е неизбежно да стане доминантен во државава.

Доктор Ненад Лазаров веќе ги има првите податоци од терен кога станува збор за случаите на коронавирус кај тинејџери и деца во Македонија.

-Тинејџери и деца со пневмонии, со брз развој,ова не го гледавме порано, пишува на Фејсбук Лазаров.

Тој во разговор со колешка во својот пост истакнува дека има голем број случаи на атипични пневмонии посочувајќи дека е потребно неверојатно кратко време од течење нос да се развие пневмонија, односно само 48 часа.

Доколку овие анегдоти се потврдени со статистичи докази на Македонија црно и се пишува.