дома Магазин Од утре во продажба – Влезниците за Ерос Рамацоти од 1.990 до...

Од утре во продажба – Влезниците за Ерос Рамацоти од 1.990 до 3.990 денари

 

Концертот во Македонија е во склоп на неговата светска турнеја „Животот е таму“ , која ќе почне во февруари од Монако. Турнејата е именувана по неговиот нов албум, кој ќе излезе на 23 ноември, на италијански и на шпански јазик.

„Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија“.

Педесет и петгодишниот пејач и текстописец, еден од најпопуларните италијански музичари има издадено 17 албуми на италијански јазик и 13 албуми на шпански јазик. Во богатата кариера досега продал повеќе од 50 милиони примероци.