дома Македонија Од 15-ти месецов со воз од Скопје до Солун и назад: Eве...

Од 15-ти месецов со воз од Скопје до Солун и назад: Eве ги цените на билетите

Железници Транспорт информираат дека од 15. месецов се воведува тарифска понуда City Star за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје.

Во објавата на веб страницата на железничкото претпријатие е наведено дека цена на чинење на возниот билетот е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу пет возрасни лица и едно дете.

Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

Ако групата ја сочинуваат пет возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Во случај кога групата ја сочинуваат пет возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари, информираат од МЖ Транспорт.