дома Политика ОКТОПОДИТЕ СЕ ПОВКУСНИ СО ИКЕБАНА НА МАСА: МНР ќе набавува цвеќиња по...

ОКТОПОДИТЕ СЕ ПОВКУСНИ СО ИКЕБАНА НА МАСА: МНР ќе набавува цвеќиња по астрономски суми!

A common octopus, Octopus vulgaris, is resting on a reef. This molluscs can be found in the Mediterranean Sea and in the Atlantic Ocean

Министерството за надворешни работи објави оглас за барање на прибирање на понуди за набавка на надворешни и внатрешни саксиски растенија и цвеќиња, цветни аранжмани и одржување на истите, за годишни потреби на Министерството за надворешни работи.

Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 305.700 денари или околу 5.000 евра.

Критериум за добивање на договорот е најниска цена.

Со повикот за прибирање на понуди, министерството всушност не распишува тендер, бидејќи за набавки до 5.000 евра законот не предвидува тендерска постапка. На овој начин, Димитров има можност во четири очи да ги склучува договорите без реална конкуренција и постапка.

 

По набавката на морски плодови од страна на Владата на Р.Македонија, по се изгледа дека Димитров одлучил дека октоподите се повкусни со икебана на масата.

Ваквата раскалашеност на СДС е добропозната на јавноста од периодите кога тие беа на власт. Непродуктивни набавки, луксузирање и кражба на државниот имот е одлика која СДС, како салонска, елитистичка партија ја носи од самото формирање.