Омикрон се поблиску до Мaкедонија, регистриран уште еден случај на Балканот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Словенија е потврден првиот случај на инфекција со омикрон варијантата на корона вирусот.

Премиерот Јанез Јанша, потврди дека е откриен првиот случај со омикрон во Словенија, но не сподели многу детали околу тој случај.

Во меѓувреме, во Словенија продолжува трендот на ублажување на епидемиолошката состојба во четвртиот бран на епидемијата, но министерот за здравство Јанез Поклукар предупредува дека минатонеделните резултати покажуваат дека трендот донекаде е забавен и затоа не треба во брзо време да се очекува попуштање на епидемиолошките мерки.

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.712 новозаразени лица, при што секој трет тест бил позитивен, а 11 лица починале, соопшти Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Според НИЈЗ, во Словенија има 21.362 активни инфекции. Седумдневниот просек на инфекции во еден ден бил 1.352, додека 14-дневната инциденца на инфекции на 100.000 население се намалила на 1.013.

Епидемиолошките податоци имаат благо опаѓачки тренд, но во болниците се уште има 817 пациенти, па се проценува дека здравствениот систем се уште е преоптоварен од епидемијата.

На одделенијата за интензивна нега има 235 пациенти, значително помалку од пикот на четвртиот бран, кога имаше 291 пациент. Сепак, за поголемо попуштање на мерките тој број треба да се спушти на помалку од 100, предупредуваат епидемиолозите.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This