дома Македонија ОПЕРИРАНА ЗОРИЦА ЗАЕВА: Сопругата на премиерот, оперирана во „8 Септември“ со матични...

ОПЕРИРАНА ЗОРИЦА ЗАЕВА: Сопругата на премиерот, оперирана во „8 Септември“ со матични клетки

Во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје вчера за прв пат е направена операција на р’скавица на нагазна коска на скочниот зглоб со матични клетки од коскена срцевина. Оперирана е Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев – пренесе порталот СДК.мк

Операцијата е направена со помош на едукатор од Хрватска д-р Џихан Абаџовиќ, а ја изведоа д-р Христијан Костов, директор на „8 Септември“, кој е хирург по трауматологија и д-р Зоран Несторовски, од одделот на трауматологија во болницата. Оперираната пациентка подолго време имала проблем при движењето со едната нога, бидејќи имала дефект на р’скавицата на скочниот зглоб.

 

Извор
СДК.мк