дома Локално ОПШТИНА КАРПОШ: По 10.000 денари за најдобрите ученици

ОПШТИНА КАРПОШ: По 10.000 денари за најдобрите ученици

Општина Карпош на десетте првенци на генерација, од сите основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, им ја исплати паричната награда во износ од 10.000 денари.

Средствата од Општината, на најдобрите ученици од Карпош ќе бидат „легнати” на сметка веќе во понеделник.

Освен паричната награда, првенците на генерација од Општината добија и еднонеделен бесплатен престој во кампот Скурас во соседна Грција.