дома Европа Орбан дециден: Унгарските граници остануваат затворени

Орбан дециден: Унгарските граници остануваат затворени

Унгарија и натаму ќе ги задржи своите граници затворени и ќе ги направи маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции за да се спречи ширењето на копонавирусот, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Британските медиуми пренесуваат дека Орбан кажа дека вториот бран од пандемијата се очекува да го достигне врвот околу декември или јануари.

Унгарскиот премиер истакна дека неговата влада поставила огpаничување на цената на тестовите на Ковид-19 од 19.500 форинти (54 евра).