дома Хроника Организаторот на пpoтеcтот за случајот „Монcтрyм“ заработи kaзна од 500 евра

Организаторот на пpoтеcтот за случајот „Монcтрyм“ заработи kaзна од 500 евра

лерим Ахмеди кој во МВР пријави одржување на протест за поддршка за обвинетите во случајот „Монструм“, денеска бил поканет во полициската станица во Битпазар, каде бил казнет со 500 евра заради прекршување на мерките против ширењето на коронавирусот со протестот на 29 јануари, пренесе Локално.

„Вчера бевме повикани од полицијата преку телефон и немавме писмена покана, што е спротивно на законот. Бевме повикани за проблемот со протестот на 29 јануари и тие бараа одговорност за немање социјална дистанца, не носење на маска. Во полициската станица во Бит Пазар имавме голем притисок. Ми беше забрането правото на јазик и не ни беше дозволено да користиме преведувачи. Ја добив казната, од околу 500 евра и ми се заканија дека ако продолжам со протестите како организатор, ќе ме уапсат“, изјавил тој за ТВ Лајм.