October 6, 2022, 2:19 am

Орце Камчев не подготвувал бeгcтвo со бугарски aгeнти, а Сашо Мијалков се kpиeл 40 часа, твpди Зaeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сашо Мијалков не бил во бегство туку се криел 40 часа, а Орце Камчев не подготвувал бегство со бугарски агенти, рече вечерва во „Само Интервју“ премиерот Зоран Заев, потврдувајќи ги информациите на Инфомакс.мк.

Зоран Заев вечерва ги потврди информациите на Инфомакс, дека Сашо Мијалков не се дал во бегство надвор од Македонија, како што првично брифираа изворите на редакцаијта, туку дека 40 часа се криел во стан во непосредна близина на неговиот дом на ул.Тодор Александров.

„Сега не се случи да избега, (Мијалков) човекот кој што се криеше некои 40 саати, испанда да мора да се појави, затоа што системот учел од минатото. Втората важна работа е дека институциите си постапуваат согласност својата надлежност, секој во својот дом е.„ – изјави Заев.

Премиерот го негираше и обвинителот, но и судот кој донесе решение за ефективен притвор за Камчев поради докази за бегство од државата, а како што лиферуваа неколку провладини медиуми, во Бугарија со помош на неколкумина бугарски агенти.

„Ако има индиција, ако има докази, а тие биле сериозни, барем од материјалот што го добив јас од АНБ, кој што е строго доверливо нормално, ги видов… (Камчев). Убеден сум, ги прочитав тие документи.“ – вели Заев, и продолжи да објаснува дека Красимир Каракачанов ја кажува вистината кога во изјава за „Инфомакс“ тврдеше дека директорот на АНБ е „будала“ која шири лаги.

„Прво ниту нешто ми направил Каракачанов ниту ништо. Снимките јас ги пријавив во јавното обвинителство, тој отиде и ги достави во јавното обвинителство, тоа не е за мене нешто ново. Моја цел е, и да сум повреден, да бидам широк, да имам разбирање, заради тоа што ако ми е тешко си одам дома. И апсолутно немам предрасуди, нема место во мојата душа за лоша мисла или за нешто осветољубивост, или нешто да правам што не е соодветно. Јас треба да им наоѓам решенија на граѓаните, да им служам на граѓаните. Притоа треба да обезбедам институциите да функционираат и да работат. Јас во недела кога се случи притварањето на Орце Камчев, после неколку часа го добив документот од АНБ и ги гледам аргументациите. Нормално, ако они дошле до такви аргументации, должност им е да соопштат. Не се работи за следење, кажувам дека не е следен.. тоа агенти, Бугарија, не е точно, нема таму таква работа. Има неколку причини, кои што тие, се побудил кај нив инстинктот да напишат и да пријават.. понатаму тоа го цени јавен обвинител.“ – вели Заев.

Заев продолжи да се жали на наводни закани од портал (Инфомакс) кои му биле упатени нему.

„Денес ја прочитав и реакцијата на народниот правобранител. Испадна таму еден портал, сеа спонзорот изгледа го нема, па дури гледам сеа се заканува по „Заев“ во неговите текстови.“ – заклучи Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This