дома Локално Орце Ѓорѓиевски: „Ги вклучуваме сите расположливи капацитети и ресурси во расчистување на...

Орце Ѓорѓиевски: „Ги вклучуваме сите расположливи капацитети и ресурси во расчистување на општината“

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најавува повисок степен на хигиена во општината.

„Кога имаме чиста општина, имаме и подобро здравје, а Кисела Вода ќе биде токму таква – еколошки чиста во секое маало, секое катче и секое наше место за рекреација.

Нашите сограѓани заслужуваат да живеат во таква општина.

Денес ги вклучуваме сите расположливи капацитети и ресурси во расчистување на општината. Заедно со јавното претпријатие кое е под надлежност на Скопје и има ингеренции над главните сообраќајници, како и нашите сезонски работници се чисти долж булеварот ,,Борис Трајковски” од крстосницата со улицата ,,Народни херои” до Пинтија. Утре, продолжуваме од Пинтија до Драчево.

Продолжуваме секој ден со комплетно менување на ликот и подигнување на хигиената на високо ниво.
Кисела Вода ќе биде чиста општина!“ Напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.