дома Свет Ослободен затвopeник кој 131 ден штрајкувал со глад во затвор во Израел

Ослободен затвopeник кој 131 ден штрајкувал со глад во затвор во Израел

Израелските власти денеска го ослободија палестинскиот затвореник Кајед Фасфус, две недели по потпишувањето на спогодбата за ослободување со која заврши неговиот маратонски 131-дневен штрајк со глад, соопшти Клубот на палестинските затвореници.

Фасфус (32) остана во израелската болница од крајот на штрајкот на 23 ноември, објави АП.

Палестинскиот затвореник Кајед Фасфус е еден од шесте затвореници кои започнаа штрајк со глад во знак на протест против контроверзната израелска политика на „административен притвор“, која дозволува осомничените да бидат држени на неодредено време без обвинение.