дома Балкан Османи бара Индија да го признае Косово

Османи бара Индија да го признае Косово

Индија треба да ја признае независноста на Косово, изјави косовската претседателка Вјоса Османи во интервју за индиската ТВ станица Вион, нагласувајќи дека Косово не е Кашмир.

„Уште еднаш ја повикуваме индиската влада, пред сѐ да го признае страдањето на народот на Косово под режимот на Милошевиќ, и второ, да ја признае реалноста на теренот што нема да се промени“, рече претседателката.

Таа го привлече вниманието на она што го кажа Меѓународниот суд на правдата: дека независноста на Косово е во рамките на меѓународното право и не се споредува со ниту едно друго место низ светот. Косово прогласи независност од Србија во 2008 година.