дома Македонија ОСМАНИ: Дураки најдобро го знае духот на Охридскиот договор

ОСМАНИ: Дураки најдобро го знае духот на Охридскиот договор

Вицепремиерот за евроинтеграции бујар Османи вели дека Садула Дураки е искусен политичар кој е носител на институционалната и политичка меморија на ДУИ.

За министерот за екологија кој во јавноста дал само една изјава, дека „не се бави со граѓаните“ и тоа за време кога земјата уриваше рекорди по зaгaдyвањето, Османи вели:

„Улогата на Дураки е да го трансформира Секретаријатот за рамковен договор во Министерство за политички систем. Имајќи предвид дека тој е дел од учесниците на подготвување на рамковниот договор нема човек кој подобро го знае духот на Охридскиот рамковен договор“, вели Османи, пренесува „Фокус“.