дома Македонија ОСМАНИ НЕГАТИВЕН: Двајца вработени во СЕП имаат корона

ОСМАНИ НЕГАТИВЕН: Двајца вработени во СЕП имаат корона

Двајца вработени во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), со кој раководи вицепремиерот Бујар Османи, се позитивни на ковид-19, дознава „360 степени“ од извор во здравствените власти.

Оваа информација ја потврди и Османи, кој вели:

„Двајца врабитени во СЕП се позитивни. И покрај тоа што не сум имал блиска комуникација, сепак, вчера направив тест и тој е негативен.“