дома Македонија Османи: Прашањето за кога може да се очекува Албанец да биде претседател...

Османи: Прашањето за кога може да се очекува Албанец да биде претседател не е прашање на рокови и на динамика, ДУИ ги пpeдизвикува стереотипите

Во однос на предлогот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека треба да биде избран Албанец за претседател на државата, портпаролот на партијата, Бујар Османи, вели дека тоа прашање не е поврзано со рокови туку е идеја што ги предизвикува стереотипите.

-Ахмети на последните состаноци со граѓаните ги објаснува двете поглавја на политичкото дејствување на ДУИ. Завршувајќи со премиерот, кој е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде во последните 100 дена од оваа влада. Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален е и концептот за претседател на државата кој останува како најдобро решение за оваа држава. Не е важна националноста туку еднаквоста, нашиот концепт е постигнување на еднаквост и рамноправност. Прашањето за кога може да се очекува Албанец да биде претседател не е прашање на рокови и на динамика, ДУИ ги предизвикува стереотипите – изјави Османи.