дома Политика Османи пристигна во Софија, најпрво ќе се сретне со Захариева

Османи пристигна во Софија, најпрво ќе се сретне со Захариева

Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево пристигна во Софија, јави допосникот на МИА од бугарскиот главен град.

Според дипломатски извори на МИА во Софија, македонската делегација предводена од Османи веднаш по пристигнувањето се упатила на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во владината резиденција во Бојана.

Бугарската национална телевизија (БНТ) јави дека се очекува централна тема на разговорите да биде Акцискиот план меѓу двете земји.