дома Македонија Османи со детали за португалскиот предлог: Дилема дали е „заедничка“ или „иста“...

Османи со детали за португалскиот предлог: Дилема дали е „заедничка“ или „иста“ историјата

Првиот човек на Министерството за надворешни работи Бујар Османи гостуваше во вчерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде се дебатираше за интенцијата за Договорот за добрососедство со соседна Бугарија.

Османи порача:

-Во Договорот за добрососедство направен е компромис во делот заедничка историја. Во Договорот, членот 8 предвидува „заедничка историја“, тоа значи да се формира Комисија за историја која врз основа на историските факти ќе изнајдат заеднички решенија во делот на заедничката историја. Сега тука имаме дилеми во интерпретацијата, дали заедничката историја е ИСТА историја или ЗАЕДНИЧКА историја. Како и да е, јас сметам дека тоа е добра основа за да одиме напред заедно