дома Политика ОСТАВКА ОД ПОЗИЦИЈАТА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО: По криењето на епидемијата и смртните...

ОСТАВКА ОД ПОЗИЦИЈАТА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО: По криењето на епидемијата и смртните случаи, Таравари да си поднесе оставка!

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска во денешеното гостување во Вестите на Алфа телевизија истакна дека бара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари, бидејќи се работи за сериозен случај со најверојатно заразна болест кој деновите наназад Министерството се обидува да ги сокрие.

 

-Дури после два смртни случаи Министерството за здравство дури вчера излезе со официјално соопштение дека е можно да се работи за некоја сериозна заразна болест. Но, кога се работи за смртни случаи сметам дека Министерството за здравство треба многу посериозно да се зафати за оваа работа, а не како што јавноста знае, министерот за здравство моментно ни се наоѓа во Америка, посочи Стојановска.

Вели дека Министерството како најодговорна институција треба посериозно да работи бидејќи се работи не само за граѓаните на Гостивар, туку и цела Македонија.

-Не се знае ништо околу дијагнозата на болеста и воопшто граѓаните немаат информација дали треба да се заштитат, како да се заштитат. Крајно несериозно однесување од страна на министерот и Министерството, истакна Стојановска.

Додаде дека Институт за јавно здравје нема реагенси за сериозни и заразни болести.