дома Македонија ОСТАВКИ НА СРПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА КОСОВО: Таксите од 100 отсто на стоки...

ОСТАВКИ НА СРПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА КОСОВО: Таксите од 100 отсто на стоки од Србија ќе предизвикаат хуманитарна криза од широки размери!

Оставки поднесоа градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ, претседателот на општината Лепосавиќ, Зоран Тодиќ, претседателот на општината Зубин Поток, Стеван Вуловиќ и претседателот на општината Звечан, Вучина Јанковиќ.

Градоначалниците на четирите општини во северно Косово, каде што живее мнозинско српско население, денеска поднесоа оставки на своите функции, поради воведувањето такси од 100 отсто на стоки од Србија, беше соопштено по денешната вонредна седница на Собранието на Општина Северна Митровица.

Оставки поднесоа градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ, претседателот на општината Лепосавиќ, Зоран Тодиќ, претседателот на општината Зубин Поток, Стеван Вуловиќ и претседателот на општината Звечан, Вучина Јанковиќ.

Дејан Ѓурешиќ, претседател на Собранието на Општина Северна Митровица, за новинарите изјави дека органите на косовската администрација во северно Косово веќе не постојат.

„Понатамошното функционирање на самоуправата по приштинскиот, албански систем во северно Косово, се прекинува. Органите на власта и општинските служби нема да функционираат и локалните собранија нема да заседаваат. Оваа одлука е конечна и ќе остане на сила сѐ до целосно повлекување на сите дискриминаторски мерки на Приштина“, рече Ѓурешиќ.

Градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ, на вонредната седница на Собранието на Општина Северна Митровица, изјави дека поднесува оставка поради „континуираната институционална репресија која ја спроведуваат косовските институции од Приштина и загрозувањето на човековите права на српскиот народ.“ Тој, исто така кажа дека поднесува оставка „поради воведувањето антицивилизациски, противправни такси од 100 отсто”, со што се блокира нормалното снабдување и дистрибуирање стоки од Србија.

„Со тоа ни е загрозено правото на живот, лекувањето, јавното информирање, останувањето и опстанувањето на своите огништа, што предизвикува хуманитарна криза од широки размери“, рече Ракиќ.