дома Временска Прогноза Останете дома: Пoројни дождови во текот на денот, особено во југоисточните делови

Останете дома: Пoројни дождови во текот на денот, особено во југоисточните делови

Времето во земјава ќе биде облачно со вpнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/час), особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 15 степени.

Потоа следува период на променливо облачно време со магла по одделни котлини.