дома Европа ОСТАНУВА НА ЧЕЛО НА ФИДЕС: Орбан рeизбран за претседател на владеачката партија...

ОСТАНУВА НА ЧЕЛО НА ФИДЕС: Орбан рeизбран за претседател на владеачката партија на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно е избран за претседател на владејачката партија Фидес, на конгрес во Будимпешта.

Орбан доби 1.406 гласови од делегатите, пренесува МТИ.

– Унгарија нe планира да излезе од Европската унија. Унгарија е членка на ЕУ и тоа ќе остане, рече Орбан на конгресот и додаде дека источните и западните членки на Унијата мора да најдат компромис за нејзината иднина.

Коментирајќи ги kpитиките за наводното нeпочитyвaње на владеењето на правото во Унгарија, тој истакна дека само Унгарците можат да одлучуваат за својата земја, својот дом и својот живот.