дома Спорт ОСТРА КАЗНА ЗА ВАРДАР: Со 30.000 евра казнет ФК „Вардар“

ОСТРА КАЗНА ЗА ВАРДАР: Со 30.000 евра казнет ФК „Вардар“

Македонскиот првак Вардар е казнет од УЕФА со 30.000 евра поради употреба на пиротехнички средства на навивачите на дуелот против Розенборг во последното коло одн групната фаза на Лига Европа.

 

Европската куќа на фудбалот денес ја соопшти казната за Вардар.

Да потсетиме, Вардар од шест натпревари одиграни во групната фаза, запиша пет порази и едно рем, против Розенборг (1:1).

Заедно со претходните казни, Вардар сезонава плати вкупно 100 илјади евра.

Покрај Вардар, казни добија уште неколку екипи, а македонскиот првак има можност за жалба на оваа одлука.