дома Свет ОСТРА РЕАКЦИЈА НА ДОНАЛД ТРАМП: Новоизбраниот претседател на САД, ја спореди земјата...

ОСТРА РЕАКЦИЈА НА ДОНАЛД ТРАМП: Новоизбраниот претседател на САД, ја спореди земјата со нацистичка Германија!

Доналд Трамп ги спореди САД со нацистичка Германија коментирајќи ги лажните вести во врска со него

Новоизбраниот американски претседател ја обвини американската разузнавачка агенција дека не смеела да дозволи објавување на лажни информации во врска со него.

„Разузнавачките служби не смеат да си дозволат да протечат лажни информации во јавност. Тоа е уште еден удар кон мене. Дали ние живееме во нацистичка Германија?“, напиша Трамп на својот Твитер профил, за кој се пофали дека самиот си го уредува.

Подоцна, Трамп во медиумите одговорил во врска со обвинувањата дека всушност тој бил уценуван од Русија.
„Русија никогаш не користела полуги на притисок врз мене. Никако не сум поврзан со Русија, ниту сум должен, ниту сум им вршел некакви услуги.“