Отворено пиcмo oд Димовски до Пендаровски: Нe пoтпишyвaтe 3aкoн зa пoпиc зa кoj нeмa фyнкциoнaлeн и минимaлeн кoнceнзyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски со отворено писмо му се обраќа на претседателот на државата Стево Пендаровски за пописот. Тој бара шефот на државата да не го потпише указот за Законот за попис доколку за него нема минумум консензус.

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Почитуван Претседател Стево Пендаровски очигледна е вашата јавно прокламирана желба да бидете критични и објективни кон политичките процеси раководени од актуелната власт во Република Македонија.

Но, дозволете ми да забележам дека до сега, за жал, не сме виделе и доволно конкретни дејствија и постапки кои ви стојат на располагање со Уставот на Република Македонија, а во насока да реализација на вашата прокламирана цел.

Дозволете ми да потенцирам дека Вие сте Претседател на држава кој од самиот почеток на својот мандат беше прифатен од опозицијата, што вам Ви дава дополнителна одговорност кон политичките процеси.

Во исто време гледајќи го општото незадоволство кај граѓаните на државата во врска со значајни политички процеси, дозволете ми да побарам од Вас, дејствија, конкретни дејствија, а не само прокламирани политички позиции.

Знаејќи дека сте во тек со носењето на Законот за попис кој е во собраниска процедура, а користејќи ја најкратката и најтесната скратена постапка со европско знаменце која воопшто не дава платформа за суштински и сериозни измени во неговата содржина која ќе трае максимум два дена, како граѓанин кој не гласал за Вас, но и граѓанин кој го почитува Вашиот авторитет како Претседател, би замолил да превземете конкретни дејствија во врска со овој закон.

Не е опасно пописот во Македонија да се одржи и еден месец подоцна, наместо во април да е во мај, опасно е тој да ја има судбината на сите пописи до сега, да биде оспоруван и неприфатлив за некој поголем сегмент од нашето општество.

Пописот не е дневна политика или локален општински комунален проект. Пописот е процес во кој и Вие имате обврска да обезбедите десетгодишна доверба и потенцијал за имплементација.

Во Македонија институциите (во случајов ДЗС) сеуште не располагаат со доверба како од граѓаните, така и од политичките партии (во опозиција), дека се способни да извршат определен сложен процес без никакво политичко влијание. Токму затоа е потребен политички консензус кој само Вие, во оваа фаза можете да го обезбедите.

Во периодот кога се водеа преговорите за Законот за попис за 2020 година имаше повеќе разлики. Власта не прифати и сеуште не покажува спремност да прифати ниту една, како на пример да се попишува само резидентно население, а во процесот да бидат вградени бројни контролни механизми на градење доверба.

Дополнително, овој предлог на Закон кој власта скоро сигурно ќе го изгласа денес или утре, не е воопшто по стандарди на Обединетите нации, ЕУ и Евростат. Ако не верувате во тоа што јас Ви го предочувам, проверете сами.

Од горенаведените причини како Претседател на Република Македонија во рамки на своите надлежности Ве повикувам Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година да не го потпишете без претходно да направите консултации со лицата кои ќе го спроведуваат процесот (ДЗС), претставници од владејачкото мнозинство, претставници од опозицијата, но пред се луѓето кои биле дел од пописите одржани во минатото. Пописот од 1991 година е со нецелосен опфат и затоа во 1994 година се спроведе повторен попис (прв од осамостојувањето). Пописот од 2002 година е последниот спроведен и до ден денес е оспоруван легитимитетот на истиот. Пописот од 2011 година не се заврши.

Поучени од минатото, да ја градиме иднината, а без податоци, неможеме да планираме.

Собранието ќе има време во јануари, со општ консензус и делумни измени на предложениот закон, да донесе општо прифатлив закон доколку со ваше конкретно дејство создадете услови за тоа.

За поздравување е вклучувањето на базите на податоци при вкрстувањето на податоците, но гласно го поставувам прашањето зошто е испуштена најобемната и според мене најверодостојна база на податоци на резидентно население која ја има Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Ова пропуштање зрачи со затскриени намери.

Во поглед на европското знаме кое се употребува во носењето на Законот и опфататот на населението кое ќе се попишува, би било добро да истражите кој земји членки на ЕУ ги попишуваат и државјаните кои се надвор од државата подолго од една година. Нема такви. Се попишува населението, а не државјаните. Впрочем, и денес точно знаеме колку државјани има Република Македонија, но не знаеме колкаво население живее во државата.

На самиот крај, и Ваша е одговорноста ако пописот доведе до дополнителни поделби по различни основи во општеството. Претендираме да сме дел од Европската унија и затоа ни се потребни кредибилни податоци добиени на попис според стандардите на Обединетите нации, ЕУ и Евростат, а не методи на сила на мнозинство врз опозиција.

Почитувани Претседателе, бидете Претседател.

Граѓаните ќе знаат да го почитуваат тоа.

Не потпишувате Закон за попис за кој нема функционален и минимален консензус вели Димовски во отвореното писмо до Пендаровски.

Отворено писмо до Претседателот на Република Македонија Г-дин Стево Пендаровски Почитуван Претседател Stevo…

Posted by Илија Димовски on Tuesday, December 29, 2020

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This