дома Македонија ОТКАКО 80 ПРОЦЕНТИ ОД СТУДЕНТИТЕ САКААТ ДА СИ ЗАМИНАТ ОД ДРЖАВАТА: Во...

ОТКАКО 80 ПРОЦЕНТИ ОД СТУДЕНТИТЕ САКААТ ДА СИ ЗАМИНАТ ОД ДРЖАВАТА: Во УКИМ ќе се формира Центар за дијаспора и миграции

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски, денеска во просториите на УКИМ потпишаа Меморандум за соработка.

Овој меморандум предвидува соработка за взаемни активности и соработка во советодавна поддршка за развој на политики и стратешки документи за дијаспората формирање Центар за дијаспора и миграции во рамки на УКИМ и поддршка во ефективен ангажман на дијаспората.

Меморандумот исто така предвидува и други сродни работи во координација и со договор помеѓу страните.