дома Економија ОТКОГА ДОЈДОА СДСМ И ЗАЕВ НА ВЛАСТ, ЦЕНИТЕ ЕНОРМНО РАСТАТ:Откако е Заев...

ОТКОГА ДОЈДОА СДСМ И ЗАЕВ НА ВЛАСТ, ЦЕНИТЕ ЕНОРМНО РАСТАТ:Откако е Заев премиер, само дизелот поскапел 26,5 отсто

Во истиот период, покрај нафтата поскапен е и бензинот, ЕУРОСУПЕР БС – 95, кој за време на владеењето на СДСМ се има покачено за 6,4% или 4 денари. Претходно, за литар 95-ка се плаќаше 66.5 денари, а сега цената е 62.5 по литар. Ист процент на зголемување има и кај ЕУРОСУПЕР БС – 98, кој претход доаѓањето на СДСМ на власт чинеше 64,5 денари за литар а сега е 68,5 денари за литар.

Со седнувањето на Заев на премиерската фотеља поскапи и мазутот, кој порасна за рекордни 58%. Претходно, популарно наречениот „плин“, на бензинските пумпи се продаваше за 18,535 денари а сега се продава за 28,367 денари.

Цените на горивата енормно растат од моментот на доаѓањето на власт на СДСМ, а економските параметри покажуваат дека нив не ги следи покачување на платите и пензиите. Покрај горивата, во изминатите 7 месеци растат цените на сите продукти во земјата.