дома Свет ОТСЕЧЕНА ГЛАВА ПРОНАЈДЕНА ВО КУФЕР: Јапонските власти уапсиле Американец кој и ја...

ОТСЕЧЕНА ГЛАВА ПРОНАЈДЕНА ВО КУФЕР: Јапонските власти уапсиле Американец кој и ја отсекол главата на 27-годишна Јапонка

Јапонската полиција испрашува 26-годишен Американец кој е задржан во притвор, откако отсечена глава била пронајдена во куфер кој бил оставен во Осака

Американецот, жител на Њујорк, бил уапсен минатата недела во рамки на истрагата за исчезнувањето на 27-годишна жена од Хјого, која била пријавена за исчезната од 17. февруари.

Полицијата ја пронашла главата во саботата – неколку дена по апсењето, – откако добиле информација за тоа дека човекот од Њујорк бил забележан како се конфронтира со жената во изнајмен стан. Се верува дека главата припаѓа на исчезнатата жена.

Жената била забележана на безбедносните камери како влегува во зградата заедно со Американецот само неколку часа пред да биде пријавена за исчезната. Тој подоцна е забележан како излегува сам од зградата неколку пати, носејќи голема вреќа, но жената не е забележана.

https://www.youtube.com/watch?v=Vc8H7wAkeHM